Македонија се подготвува за Лените олимписки игри кои од 26. јуни од 11. август ќе се одржуваат во главниот град на Фрација. Таму „црвено-жолтите“ бои ќе ги претставуваат шест спортисти, а една од нив ќе биде и таеквондистката Милијана Рељиќ.
Македонката на денешната пресконференција го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри на кои како што вели ќе даде се од себе за успешен настап и медал.
„Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал“, вели Рељиќ.
За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов.
„Формата на Рељиќ е не извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал“, додаде Ефтимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА