Мила Рељиќ не успеа да стигне до медал за Македонија на Европските игри во Краков откако претрпе пораз на борбата за третото место против Британката Колинс.
Македонската таеквондистка се обиде да стори нешто повеќе, но налета на поквалитетна противничка, Колинс беше подобра во почетните две рунди и заслужено стигна до бронзеното одличје во категоријата до 62 килограми.
Британката го доби првиот дел од борбата со 16-4, во втората рунда славеше со 9-0, потврдувајќи ја разликата во квалитет во однос на нашата репрезентативка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

