Рељиќ со четири победи до златен медал на клупското ЕП во таеквондо во Талин

Нашата натпреварувачка Милијана Рељиќ (19г) со 4 победи се избори за златен медал на Европското клупско првенство што се одржуваше од 22-26 август во Талин, Естонија.
Во првото коло Мила ја победи Франческа Куомо (Италија) со 2:0 во рунди, во второто коло победа над Марија Лабузова (Украина) исто така со 2:0 во добиени рунди. Во полифанлните борба Рељиќ беше подобра од Надине Махмуд (Египет) која тренира во европски клуб. Надине која е бронзена од последното првенство на Африка, беше победена со 2:1 во рунди, по изгубената прва рунда, Мила направи целосен пресврт во втората рунда, а во третата решавачка рунда е добиена со технички нокаут од 12:0 во поени.
Во финалната борба Мел Мина (Еквадор) која тренира во шпанскиот клуб Тороса, ја предаде борбата поради повреда добиена во другото полуфинале каде ја победи извонредната белгијка Сара Чари. Имено, Мила Рељиќ ја победи Мел Мина пред две недели во финалната борба на Изреал Г2 Опен со 2:0 во рунди. Извонредната форма на Мила Рељиќ под водство на тренерот Александар Ефтимов вродија со овој извонреден историски медал.
Покрај младата Мила, денеска и нашиот олимписки вицешамион Дејан Георгиевски освои златен медал во својата категорија сениори +87кг, декласирајќи ги своите противници.

Се вчитува...