Холандскиот мотоциклист, Едвин Стравер почина осум дена по страотната несреќа која ја заработи на 11 етапа на годинашното издание на рели Дакар. Тој е втор мотоциклист кој го загуби животот, по Португалецот Пауло Гонсалвес кој загина на седмата етапа.
Искусниот мотоциклист падна со брзина од 50 километри на час. Медицинскиот тим на Дакар веднаш интервенираше, а Стравер беше префрлен во болницата во Ријад, каде остана до средата кога беше префрлен во Холандија. Неговата смрт беше потврдена рано утрово. За Ставер ова беше трет Дакар, во кој беше лидер во категоријата „Ориџинал“, која ја освојуваше и минатите две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА