Релјиќ поразена во четвртфиналето, но сонот за медал се уште живее!

Maкедонската таеквондистка Милијана Релјиќ загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз во категоријата до 57 килограми. Од неа подобра беше Либанката, Летисија Аун со 2-0 во рунди.

Како и во мечот во осминафиналето и овој почна многу тврдо, а во последните триесет секунди се отвори мечот, па Либанката подобро се снајде за 9-8 и 1-0 во рунди.

Во втората рунда беше неверојатна борба, која заврши со 6-6, но поради удар во главата кон нашата Релјиќ, Либанката се пласираше во полуфиналето.

Сепак, шансите за медал се уште не се загубени, бидејќи доколку Ајун победи во полуфиналето, нашата Релјиќ ќе иа шанса преку репасажот да стигне до бронзениот медал.

Се вчитува...