Рома дојде до извонредна победа триумфирајќи со 1-4 на гостувањето против Монца во 27. коло од Серија А.
„Волчицата“ одигра одличен натпревар, најавувајќи ја победата со голот на Пелегрини во 38. минута. Лукаку во 42. минута веќе донесе и 0-2.
Во второто полувреме, Дибала во 63. минута постигна прекрасен гол со шут директно од слободен удар од 25 метри за 0-3, а Паредес во 82. минута веќе донесе и 0-4 за гостите од Рим.
🚨🇮🇹 GOAL | Monza 0-3 AS Roma | Dybala
WHAT A FANTASTIC FREE KICK FROM DYBALA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/RSpvmwMEqN
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 2, 2024
Домашните со голот на Карбони во 87. минута успеаја да постигнат само почесен погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА