Ремек-дело на Гризман – Атлетико им се врати на победите во Ла Лига

Атлетико Мадрид по два меча без победа се врати на триумфални патеки во Ла Лига откако избраниците на Диего Симеоне славеа со 2-0 на домашен терен против Мајорка.

Цврстата одбрана и овојпат беше заштитен знак на Атлетико, а домашниот тим поведе во првото полувреме со голот што го постигна Лино.

Мајорка се закануваше до самиот крај, но во судиското продолжение печат на победата стави Антоан Гризман, со прекрасен лоб од над 25 метри.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...