Ремек дело на Хакими за пласман на Мароко во 1/4 финале (ВИДЕО)

Мароко потешко од очекувањата го скрши отпорот на Малави, и успеа да се пласира во 1/4 финалето на Африканскиот куп на Нации. Два еврогола беа видени вечерва, а со првиот Малави го шокираше Боно и го постигна од преку 35. метри.

Манго во 7. минута донесе водство со сензационален гол, а израмни Ел Несири во судиското надополнување од првиот дел.

Во второто полувреме целосна офанзива на играчите на Мароко, но долго време не можеше да го скрши отпорот на Малави. Во 70. минута досуден слободен удар на 30 метри, а Хакими прекрасно стрела во горниот лев агол, ја скина пајажината од голот на противникот за пласман во следната фаза.

Се вчитува...