Ремек-дело на Кандрева, гол-шоу на Интер и Зенит (3-3)

Интер и Зенит одиграа фантастичен пријателски натпревар во кој уживаа фановите на двата тима, а заврши без победник, 3-3.

Серијата погодоци во ова гол-шоу ја почна Кандрева, кој со еврогол од дваесетина метри го донесе Интер во водство. Потоа следеше израмнување на Нобоа, па ново водство на „нероаѕурите“ преку Икарди. Зенит го сврте резултатот преку Мак и Хернани, пред конечните 3-3 да ги постави новиот Аргентинец на Интер, Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...