Ремек-дело на Митровски од 35 метри за Вараждин (видео)

Димитар Митровски продолжува да импресионира во дресот на Вараждин откако македонскиот ас повторно блесна и на денешниот дуел со Локомотива Загреб.

Гостите беа во предност пред Митровски уште еднаш да ја покаже својата класа, овојпат постигнувајќи прекрасен погодок од слободен удар од околу 35 метри. Многумина очекуваа центаршут, но Македонецот велемајсторски ја смести топката, над живиот ѕид во мрежата на гостите од Загреб.

Маестралниот погодок на македонскиот интернационалец за Вараждин можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...