Ремек-дело на Нико Вилијамс, Атлетик Билбао е се поблиску до ЛШ

Атлетик Билбао сигурно чекори кон зачувување на четвртото место кое значи билет за ЛШ за следната сезона откако клубот од Баскија вечерва забележа нова победа, на домашен терен над Рајо Валјекано со 3-1.

Успехот на Атлетик е уште поголем ако се знае дека гостите од Мадрид по првото полувреме имаа предност од 0-1, но домашниот тим собра сили за во вториот дел да направи целосен резултатски пресврт.

Санцет во 58. минута од пенал израмни на 1-1, а мечот беше решен со еврогол на Нико Вилијамс, откако шпанскиот репрезентативец со маестрален удар го матираше голманот на Рајо. Гостите мораа да се отворат, а Атлетик го искористи тоа за да постигне и трет гол, преку Санцет во 93. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...