Интер по голема борба успеа да триумфира на пријателскиот меч против Монако, што италијанскиот гигант како гостин го доби со 1-2 иако по првото полувреме имаше негатива од еден гол. Во главна улога беше новиот напаѓач Бони, кој по извонреден соло-продор го постигна голот за победа на „нероаѕурите“ на овој натпревар.
Задачата беше уште потешка ако се знае дека Монако имаше предност од 1-0, а потоа Интер остана и со играч помалку по црвениот картон што го заработи Хакан Чалханоглу.
Италијанскиот тим сепак покажа карактер, најпрвин Лаутаро Мартинез погоди за 1-1, а конечните 1-2 беа дело на Бони, откако засилувањето од Парма украде топка на средина од теренот, мајсторски се снајде и стрелаше прецизно во мрежата на „кнезовите“.
Победничкиот гол на Бони можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

