Ремек-дело на Осимен: „Ножички“ во 92. минута зa фешта во Истанбул

Виктор Осимен уште еднаш покажа зошто важи за лидер на Галатасарај, постигнувајќи феноменален погодок за триумф над Самсунспор од 3-2.

Галата прокоцка предност од 2-0 откако гостите во 88. минута успеаја да израмнат на 2-2, но тоа не беше и крај на возбудувањата на мечот во Истанбул.

Се играше крајот на 92, минута кога една топка стигна до Осимен, а нигерискиот ас со фантастични ножички ја смести под гредата, за тотална еуфорија меѓу фановите на Галата.

Се вчитува...