Олимпик Марсеј за првпат сезонава врза две победи во низа, декласирајќи го на „Велодром“ тимот на Гингамп со убедливи 4-0.
Гостите во првите 45 минути успеаја да одолеат на налетите на тимот на Руди Гарсија, за во вториот дел Олимпик целосно да доминира и до врв да ја наполни нивната мрежа. Тован постигна два гола за Олимпик, но мечот го одбележа прекрасниот погодок со кој Паје од над дваесет метри зголеми на 2-0.
Конечните 4-0 во самиот финиш ги постави Митроглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА