Баерн Минхен лесно дојде до нова победа во германската Бундеслига, откако вечерва го совлада тимот на Вердер на домашен терен со 4-0.
Резултатот го отвори Џонатан Та, кој постигна прекрасен гол со петица. На асистенција на Луис Диаз, стоперот успеа да го совлада Цетерер.
Следните два гола беа дело на Хари Кејн, од кои еден од пенал, додека конечните 4-0 ги постави Лајмер.
Баерн Минхен со тоа го продолжува максималниот ефект од пет победи на исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

