Германија има предност од 1-0 по првото полувреме од големото финале против Шпанија од ЕП за млади што се игра во Краков. Германците успеаја да ја исфрлат од ритам „црвената фурија“, подобро ја контролираат средината од теренот, а од неколкуте шанси што ги создадоа успеаја да постигнат и еден гол – преку Мичер Вајсер.
Погодокот беше вистинско ремек дело со глава, откако членот на Херта со неверојатен удар ја смести топката над противничкиот голман во горниот агол од голот на Шпанците. Вакви погодоци своевремено редовно постигнуваше Оливер Бироф, кој како велемајстор на играта со глава во Вајсер сигурно добива свој наследник.
1-0 Mitchell Weiser Goal HD – Germany U21 vs… by sportvideostv
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА