Ремек-делото на Илиевски и Миовски е втор најубав гол на стартот на квалификациите за СП (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со триумф од 0-3 на гостувањето кај Лихтенштајн ги започна квалификациите за Светското првенство. Мрежата ја тресеа Трајковски, Мислиу и Миовски, а последниот гол на македонските фудбалери е одбран за втор најубав гол во првото коло.

Фантастичната асистенција на Бојан Илиевски до Бојан Миовски се најде во потесниот избор на УЕФА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UEFA EURO (@euro2024)


Првото место му припадна на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Армин Гиговиќ кој донесе радост против Романија.

Се вчитува...