Фудбалерите на Аталанта и трет натпревар во низа не успеаја да стигнат до победа во италијанската Серија А откако вечерва на домашен терен ремизираа без голови против Удинезе (0-0).
Иако во текот на целиот натпревар тимот од Бергамо беше далеку подобар противник гостите успеаја да одолеат на сите напади на противникот и на крајот да стигнат до голем бод.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не се најде во тимот на Удине за ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА