Реми без голови на Сосиедад и Валенсија (ВИДЕО)

Реал Сосиедад и Валенсија одиграа без голови 0-0 во 14. коло од шпанската Ла лига. Израмнет натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси, но не успеаја да ги искористат, а гостите од Валенсија не ја искористија ниту предноста од играч повеќе што ја имаа од 76. минута кога Елустондо доби директен црвен картон.

Сосиедад со овој бод останува на втората позиција на табелата со 29 бода, односно еден помалку од лидерот Реал Мадрид, но и натпревар повеќе. Валенсија пак по четиринаесет одиграни натпреавари е 10. со 18 бода, но со само една победа во последните шест меча.

 

 

 

Се вчитува...