Фудбалерите на Вардар и Беса Добридол одиграа без голови 0-0 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во премиерниот натпревар од 21. рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Во првото полувреме натпреварот помина без поголеми шанси на двете страни. Први се заканија домаќините преку Закариќ кој од корнер во 19. минута се обиде да го изненади гостинскиот голман Захов. Гостите првата полушанса ја имаа во следната минута кога Селмани биеше над голот на вардарци. Најубавата шанса во првиот дел ја имаше Стојановски кој биеше со глава во 39. минута, но неговиот удар не го матираше голманот на „црвено-црните“ Талевски.
Во вториот дел Вардар беше за нијанса подобар противник, но не успеа да го матира Захов, па на крајот натпреварот заврши без голови 0-0.
ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО
ДЕНЕСКА:
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 0-0
УТРЕ:
Тетово: ШКЕНДИЈА – TИКВЕШ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
Охрид: ВОСКА – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

