Вулверхемтпон и Лестер одиграа без голови 0-0 во натпревар од 23. коло во англиската Премиер-лига. Израмнет натпревар во кој и двата тима имаа шанси да стигнат до триумф, на крај овие 0-0 се најреалниот исход.
Лестер со овој бод oстануваат на 3. позиција на првенствената табела со 43 бода, односно четири помалку од лидерот Сити кој има и два натпревари помалку. Од друга страна Вулверхемптон е 14. со 27 бода и е се подалеку од местата кои водат во Европа следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

