Сити и Јунајтед ги поделија бодовите во натпревар без голови во заостанатиот меч од 26. коло во Премиер лигата.
Дуелот без преголеми возбудувања, стартуваше со одлична можност на Агуеро во 9. минута која не успеа да ја искористи. На спротивната страна Мкхитарјан во 25. минута имаше шанса за Јунајтед, за да во првото полувреме и Андер Херера во 45. минута за малку не успева да ги донесе до водство „црвените ѓаволи“.
Во второто полувреме се играше без посериозно шанси и на двете страни, за на крајот, конечни 0-0.
По ова реми, Манчестер сити остана на четвртата позиција со 65 бода, еден помалку од третопласираниот Ливерпул, но и натпревар помалку од „редсите“. Јунајтед, пак, има 64 бода на 5. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА