Новиот шампион во Купот на Хрватска ќе биде познат по реваншот кој ќе се игра на „Руевица“ откако Динамо Загреб и Риека вечерва на „Максимир“ одиграа без голови 0-0.
Откако Динамо ја потврди титулата во домашниот шампионат, Адеми, Ристовски и соиграчите имаат шанси да ја крунисаат новата успешна сезона со триумф и во националниот куп.
Сепак, по првиот меч кој не донесе поголеми возбудувања резултатот е 0-0, па новиот куп шампион ќе го даде реваншот за една недела на „Руевица“.
Ристовски од првата минута беше на теренот и го одигра целиот натпревар, додека Аријан Адеми во игра влезе во 63. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА