Реми доволно за Вардар – следна станица Лозана (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев

Вардар имаше победа и на вториот меч против Ла Фиорита, но не издржа, односно едно невнимание во финишот придонесе со „реми“ да се пласира во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Првиот меч и победата од 3-0 беа клучни. Вечерва во Сан Марино, Вардарци одиграа само 2-2, но тоа не ги спречи да се пласираат во идното коло. А, таму ги чека далеку посериозна задача – Лозана од Швајцарија.

И од овој меч мора да се извлечат поуки, да се минимизираат грешките, затоа што против Швајцарците ќе биде уште потешко, со оглед дека тие се далеку посилен тим од противникот на Вардар во првото коло.

Се вчитува...