„Реми“ како порачано во Торшавн: Македонија веќе e во Б Лигата на Нации и обезбеден бараж за Мундијал!

Фарски Острови и Летонија одиграа нерешено 1:1 во Торшавн, и така ја „лансираа“ Македонија на првото место во Лигата на Нации во групата Ц4, и така ја пласираа во ранг погоре, во Б сегментот.

Постои само 1% шанса да не биде на првото место, а тоа е да ги загуби двата натпревари во последното коло, и Летонија да слави во Скопје со 0-4 и повеќе. Но, исто така Летонија да ја совлада и Ерменија на гостински терен.

Тоа е речиси невозможна мисија, па така Македонија може сега мирно да ги дочека ноемвриските мечеви во Лигата на Нации.

 

Се вчитува...