Ракометарите на германскиот гигант Кил одиграа реми 27-27 на гостувањето кај Алборг во меч од 8. коло од групата А во Лигата на шампионите.
Гостите одиграа неверојатно во првото полувреме во кое на противникот успеаја да му дадат дури седумнаесет гола и на пауза да заминат со позитива од плус четири (13-17).
Во вториот домаќинот заигра далеку подобро и успеа на три минути до крајот да стигне до негатива од само еден гол (26-27). Следеше нова грешка за гостите, а со голот на Јенсен, Алборг стигна и до израмнување (27-27), прво, по почетните 1-1. Кил го имаше последниот напад за победа, кој не го реализираше Дувњак, а мечот заврши без победник 27-27.
Нилсон и Јенсен со по пет гола беа најпрецизни кај домаќините, додека кај гостите шест постигна Микола Билик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА