Во еден од двата дерби натпревари на денешниот ден во ракометната Лига на шампиони, актуелниот европски вицешампион Алборг и освојувачот на трофејот од пред две сезони Магдебург ремизирааа 33-33.
Домаќините одиграа многу поквалитетно прво полувреме по кое имаа предност од 17-13. Сепак, гостите заиграа далеку подобро во вториот дел па на крајот некако успеаја да стигнат до голем бод на ова тешко гостување (33-33).
Во вториот дел од раниот термин од денешната програма во Лигата на шампионите, норвешкиот шампион Колштад беше подобар од хрватскиот ППД Загреб со 29-25. Откако првото полувреме мина во егал, во вториот дел домаќините заиграа за нијанса подобро што на крајот беше доволно за конечен триумф од 29-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА