Реми на Англија и Шкотска во Лондон

Репрезентациите на Англија и Шкотска одиграа натпревар без голови на „Вембли“, кој им одговара на двете екипи за пласман во следната фаза од натпреварувањето.

По две одиграни кола Англија сега се наоѓа на втората позиција на табелата со четири освоени бода исто колку што има и Чешка, додека Шкотска и Хрватска имаат по еден освоен бод.

Последните натпревари од групната фаза директно ќе одлучуваат за местото од кое Англија и Чешка ќе се пласираат во следната фаза, односно кој ќе ја заврши групата како трето пласиран.

Се вчитува...