Дербито на 13. коло во Бундеслигата помеѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд заврши со реми од 1-1 и делба на бодовите.
Натпреварот го отвори Ријерсон со гол во 5. минута за гостинска предност од 1-0, а предноста на Борусија Дортмунд остана на семафорот се до 79. минута кога Бонифасе изедначи на 1-1.
Со тоа Баер Леверкузен ја задржува воедчката позиција на табелата, но сега има само три бода пред Баерн Минхен кој има и натпревар помалку. Борусија Дортмунд пак останува на петтото место на табелата со 24 освоени бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

