Реми на Барнли и Чурлинов против Рединг

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов беше дел од тимот на Барнли кој одигра реми на гостувањето кај Рединг 0-0. Натпревар кој немаше никакво резултатско значење за избраниците на Винсент Компани откако веќе обезбедија промоција во Премиер-лигата следната сезона.

Дарко Чурлинов иако не беше во стартниот тим брзо доби шанса откако Тела мораше да биде заменет уште во 18. минута. Чурлинов доби шанса на негово место и го одигра целиот натпревар.

 

Се вчитува...