Денеска се одиграа уште две средби од Суперлигата во ракомет каде што еден триумф остварија гостите, и една средба заврши без победник.
Езерското дерби меѓу Охрид и Струга заврши нерешено 22-22. Иако стружани по првиот дел имаа водство од плус три, сепак, во вториот дел Охрид успеа да стигне и на крајот да ги анулира тие три разлика, па дури и да води еден разлика пред самиот крај, но на крајот мечот да заврши без победник.
Андоноски и Шешиќ беа најефикасни кај домашниот тим со по пет голови, додека кај гостите ист број на голови постигна Костоски.
На вториот меч одигран во Радовиш, Еурофарм Пелистер 2 славеше лесна победа со 35-24. Речиси во текот на целиот меч битолчани беа во водство, и не му дозволија на противникот ниту да се доближи.
Најефикасен на средбата беше Петровиќ со девет гола, Кукуловски постигна шест. Во домашниот табор Постолов беше стрелец на седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА