Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 одигра реми 1-1 против Литванија во Лигата Б од квалификациите за пласман на Европското првенство, турнир кој се игра во Унгарија.
Литванките поведоа со 1-0 со погодокот на Блазевицуте уште во 5. минута од натпреварот. Нашите девојки израмнија на 1-1 уште во 13. минута преку Грозданова. До крајот иако и двете репрезентации имаа неколку шанси резултатот остана 1-1.
Во второто коло Македонија ќе се сретне со Андора, додека во 3. коло за противник ќе го имаме домаќинот Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА