Ракометарите на Кјелце одиграа нерешено против Нант 28-28 во натпревар од претпоследното 13. коло во Лигата на шампионите и со тоа ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата во елитното натпреварување.
Домаќините беа подобар противник во првиот дел па на пауза заминаа со позитива од два гола 14-12. Во вториот дел гостите успеаја да возвратат на ист начин и да стигнат до бод 28-28. Наи со осум гола беше прво име кај домаќинот, додека кај гостите Ривера постигна шест гола.
Во вториот меч од вечерашната програма Спортинг Лисабон ја оправда фаворитската улога против Фредериција славејќи на домашен терен со 32-29. Мартим Кошта со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бизгард постигна десет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

