Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров ремизираше во дресот на Нант во дерби пресметката против ПСЖ од 17. коло во францускиот шампионат.
Нант имаше предност и од два гола во финишот, но не успеаја да ги сочува за на крајот реми од 29-29. Ова за ПСЖ, на чие чело е поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, е прво реми по низа од 16 едноподруго победи.
Лазаров на денешниот дуел запиша два погодоци од осум обиди. Во редовите на ПСЖ најефикасен беше Сигурдсон со пет погодоци. ПСЖ е лидер во француското првенство со 33 бода, пред Нант кој е со 27 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА