Македонската женска ракометна репрезентација до 17 години ги освои првите бодоови на Европското првенство откако ремизираше со Португалија со 29-29 во натпревар во кој „црвено-жолтите“ имаа и негатива од пет голови, но успеаја да ја надоместат во второто полувреме.
По воведната предноста на Македонија на отварањето на натпреварот, португалските ракометарки успеаја да влезат во ритам, брзо изедначија, а потоа со серија од пет гола и да стигнат до највисоката предност од пет гола која задржаа и на полувремето за 15-10.
Македонија одговори со далеку подобра игра во вториот дел од натпреварот, од минута во минута се топеше предноста на Португалките за изедначување од 22-22 по што следеше игра „гол за гол“ и неизвесност до самиот крај.
„Црвено-жолтите“ во пет наврати успеваа да поведат со еден гол предност, но Португалките одговорија за поделба на бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

