Реми на Манчестер Сити и Брајтон, Нотингем Форест го прегази Ипсвич

Манчестер Сити и Брајтон ремизираа со 2-2 во 29. коло од Премиерлигата во суперинтересен натпревар во кој гостите два пати се враќаа од негатива.

Халанд од пенал во 11. минута донесе предност за „граѓаните“, но истата траеше само 10 минути бидејќи во 21. минута Еступиан изедначи на 1-1. Мармуш постигна во 39. минута за 2-1, но во 48. минута автоголот на Хусанов донесе поделба на бодовите.

Нотингем Форест влезе во нова победничка низа славејќи со 2-4 на гостувањето кај Ипсвич. Гостите победата ја осигураа од 35. до 41. минута кога мрежата прв ја затресе Миленковиќ, а Еланга со два гола донесе висока предност за својот тим. Во 82. минута Кајусте намали на 1-3, Силва во 87. минута одново ја зголеми предноста за 1-4, а конечните 2-4 ги постави Хирст со гол во 93. минута.

Во останатите натпревари:

Евертон – Вест Хем Јунајтед 1-1
Саутемптон – Вулверхемптон 1-2

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...