Никола Митревски и Порто ремизираа со 29-29 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на Шампионите против Монпелје па на гостувањето во Франција ќе биде познат патникот во следната фаза.
Порто подобро го започна натпреварот и постојано беше во предност, но и покрај тоа што со серија од 3-0 стигна до највисоките +4 (8-4) не успеа да ја задржи предноста до полувремето. Гостите од Франција возвратија со добра игра во финишот на првото полувреме па не само што ја стопија предноста, туку и поведоа со 13-14 по 30. минути игра.
Изедначениот натпревар продолжи и во вториот ден, но овој пат двата тима беа во спротивна улога. Серијата од 3-0 донесе предност од 19-22 за Монпелје, но ни гостите не ја задржаа предноста која ја одржуваа до 60. минута. Финишот на средбата им припадна на Португалците кои преку Круз и неговите три гола стигнаа до изедначување од 29-29.
Македонскиот голман на голот на Порто имаше скромен учинок со само една одбрана од единаесет обиди.
FULLTIME: No splitting @FCPorto and @mhbofficiel as the #ehfcl playoff first leg ends 29:29 #showtimeforchampions pic.twitter.com/NlxfRkCzgJ
— EHF Champions League (@ehfcl) March 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА