Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер одиграа реми 28-28 на гостувањето во Данска кај ГОГ Гудме во натпревар од 12. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Нашиот шампион лошо го отвори натпреварот. Данците одиграа далеку подобро во првото полувреме па на пауза заминаа со позитива од четири гола 15-11. Избраниците на Стевче Алушовски отворија одлично во вториот дел. Чекор по чекор ја намалуваа разликата, а на десет минути до крајот успеаја да се вратат во игра.
Феноменалната игра во второто полувреме тие ја матерализираа во 53. минута кога успеаја да стигнат до целосен пресврт и да поведат со 24-25. Се играше гол за гол, а во последните три минути мечот влезе во егал 26-26. Постигнат беше по еден погодок на двете страни и воп последната минута се влезе со 27-27.
Следуваше мал театара од ракометарот на домаќините по кој директен црвен картон доби Никола Граховац, а во последните 40 секунди моравме да играме со ракометар помалку. Следуваше гол за дмомаќините за 28-27, но Видомски успеа да израмни на 28-28 на седум секунди до крајот. Данците имаа напад за победа кој не го искористија па на крајот мечот заврши без победник 28-28.
Видомски со седум гола беше најефикасен во таборот на пелистерци, додека кај Данците Митун постигна исто така седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

