Реми на полувреме меѓу АП Брера и Вардар

АП Брера и Вардар играат 1-1 на полувреме на последниот меч од воведното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Новина во нашиот шампионат е што овие два тима го играат мечот под рефлектори, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Ивковиќ во 2. минута од натпреварот. Гостите од Скопје до крајот на првиот дел успеаја да израмнат на 1-1 со погодокот на Закариќ на асистенција на Дианеси во 29. минута.

 

Се вчитува...