Реми на полувреме меѓу Силекс и Шкендија во Кратово (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија Шкендија и Силекс играат реми 1-1 во Кратово во дерби натпреварот од 19. коло од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Во 18. минута по една акција на тетовци, најдобро во противничкиот шеснаесетник се снајде Тамба кој на прекрасен начин донесе водство од 0-1 за гостите.

Кога сите очекуваа Шкендија да замине на пауза со позитива, така не мислеше Бутуровиќ кој во 45. минута израмни на 1-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...