Реми на Португалија и Норвешка на Европското првенство

Португалија и Норвешка ремизираа со 35-35 во својот четвртти натпревар од втората групна фаза на Европското првенство.

Натпреварот започна со игра „гол за гол“ по која подобро се најдоа норвешките ракометари, но предноста од три гола разлика (6-9) не беше задржана. Поругалија се врати во игра, успеа да изедначи, но не и да поведе за 17-18 на полувремето.

Вторите 30. минути не донесоа промени на теренот, продолжи израмнетата игра, но овој пат Португалците успеаја да дојдат до предност, но не и да ја задржат истата на последниот свиреж.

Фраде со 11 голови беше лидер на Португалија, додека 10 голови за Норвешка постигна Педерсен.

Се вчитува...