Реми на првиот меч од финалето на Купот на Хрватска меѓу Славен Белупо и Риека

Првиот меч од финалето во Купот на Хрватска меѓу Славен Белупо и Риека заврши без победник 1-1, што значи дека победникот на најмасовното фудбалско натпреварување ќе биде познато на 29. мај во Риека.

Риека поведе со 1-0 преку Тони Фрук во 25. минута, додека Славен Белупо израмни на 1-1 во 68. минута преку Антонио Босец.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го одигра цел меч за Славен Белупо, додека Јован Манев не доби шанса од клупата кај Риека.

Се вчитува...