Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа без победник 1-1 во дерби натпреварот од 35. коло во италијанската Серија А.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Ромелу Лукако во 15. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Бремер во 31. минута. Со ова реми Јуве скоро и го осигура местото во Лигата на шампионите следната сезона, додека Рома се наоѓа во лоша положба бидејќи иако во моментов го има последното 5. место кое води во елитата, сепак има само три бода повеќе од шестата Аталанта, но и два натпревари повеќе.
AS Roma [1] – 0 Juventus – Romelu Lukaku 15′
byu/etclassico insoccer
AS Roma 1 – [1] Juventus – Bremer 31′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА