Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години ремизираше на вториот пријателски натпревар со соодветната селекција на Кипар .
По убедливата победа од 3-0 во првиот меѓусебен меч пред два дена, денеска избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа без победник, 1-1, во натпревар во кој Македонија повторно беше поблиску до победата. Но, Кипраните поведоа во првото полувреме а македонскиот состав израмни со гол во 55. минута.
Македонија на овие два дуели настапи во следниот состав: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Адмир Латифи, Каменчно Андоновски, Хисар Али, Марко Киш, Албион Муслиу, Един Етоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА