Реми на шахистите со Куба, дамите поразени од Швајцарија

Македонските шахисти ремизираа со Куба во 10. коло на 43. Олимпијада во Батуми, Грузија.

По вчерашниот триумф над Мјанмар, шахистите сега одиграа 2-2 со Куба откако на првата табла триумфираше Кирил Георгиев а ремизираа Филип Панчевски и Трајко Недев. Единствено загуби Владимир Георгиев на втората табла.

По десеттата рунда шахистите се со освоени 12 бода.

Дамите, пак, загубија од Швајцарија со 3-1. Ремизираа Стојковска на втората и Петровска на четвртата табла, а загубија Бејатовиќ и Николовска.

По десет натпревари, дамите се со 11 освоени бода.

Се вчитува...