Фудбалерите на Шкупи ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар со романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар кој се одигра во Анталија.
Чаирчани беа подобриот тим на теренот во првото полувреме доаѓајќи до предност од 1-0 со голот на Дембо во 42. минута од средбата.
Во второто полувреме Шкупи не искористи неколку убави можности и за зголемена предност, по што во 78. минута следеше казната на спротивната страна кога Романците израмнија за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

