Реми на Силекс и Академија Пандев за старт на 4. рунда во ПМФЛ (ВИДЕО)

Силекс и Академија Пандев одиграа нерешено 1-1 во Кратово во премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци до водство од 1-0 стигнаа во 37. минута со голот на Обадовиќ. Јанкулов одлично проби од десната страна и биеше кон голот на гостите, а по интервенцијата на голманот на струмичани Јовановски најдобро се снајде Обадовиќ кој го постигна третиот првенствен погодок сезонава. Гостите по шест минути успеаја да израмнат на 1-1 со феноменалниот гол на Велиновски.

Во второто полувреме мируваа мрежите па на крајот двата тима си поделија по еден бод.

 

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 часот)

Силекс – Академија Пандев  1-1

УТРЕ (16 часот) 

Скопје – Шкупи

Брегалница – Македонија ЃП

Работнички – Тиквеш

Шкендија – Струга ТЛ

Слободна: Победа

 

 

 

Се вчитува...