Фудбалерите на Спортинг Лисабон и Аталанта одиграа без победник 1-1 во првиот натпревар од осминафиналината фаза во Лигата на Европа.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Паулињо во 17. минута. Гостите до крајот на првиот дел израмнија на 1-1 преку Скамака во 39. минута.
Тимот од Бергамо успеа да постигне гол за водство од 1-2, преку Туре во 87. минута, но по проверка со ВАР тој беше поништен поради офсајд.
Sporting 1-[1] Atalanta – Gianluca Scamacca 39′
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА