Фудбалерите на Струга Трим Лум го заокружија подготвителниот период со реми 1-1 против второлигашот Охрид на теренот на СРЦ „Билјанини Извори“.
Стружани имаа предност во првото полувреме благодарение на голот на Марјан Радески, но домашниот тим, есенски првак во Втората лига, во продолжението успеа да израмни.
Ова беше последна проверка за избраниците на тренерот Бледи Шкемби пред гостувањето кај Шкендија во Тетово, закажано за 10. февруар, во првото пролетно коло од Првата лига. Струга ТЛ во вториот дел од сезоната влегува бод негатива зад лидерот Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

