Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготовките пресрет пролетниот дел од сезоната во мак-фудбалот.
Македонскиот фудбалски прволигаш Струга ТЛ одигра нерешено 0-0 против Кизилжар. Ова беше четвртиот контролен дуел за македонскиот шампион на подготовките во Турција и втор натпревар кој заврши без победник.
Досегашниот ефект на Струга ТЛ во Анталија вклучува реми со Дебрецен (0-0), победа над Корона (1-0) и пораз од Рубин (0-1).
Реми без голови денеска одиграа и Пелистер и Новаци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

